Британскиот Парламент го одложи гласањето за новиот договор за Брегзит
![Британскиот Парламент го одложи гласањето за новиот договор за Брегзит](https://gdb.rferl.org/9BD11F66-47F5-47FF-948E-37CA7FE6B8BB_w800_h450.jpg)
Европската унија соопшти дека останува на британската Влада „што е можно поскоро“ да им каже на 27-те земи членки каква акција ќе биде преземена, откако денеска немаше гласање за новиот договор за Брегизт, јавува АП.
Портпаролката на Европската комисија Мина Андреева изјави дека извршната власт на ЕУ се осврнала на гласањето и оти тоа не сугерира на курс на дејствување.
„Останува на Владата на Велика Британија што е можно поскоро да не информира за следните чекори“, изјави Андреева на Твитер.
Британските парламентарци гласаа да го одложат носењето на одлуката за тоа дали да го поддржат новиот договор за Брегзит со ЕУ. На специјална седница на Парламентот, чија цел беше ратификување на договорот, наместо тоа пратениците гласаа 322-306 да го одложат нивното одобрување додека не биде донесена легислатива за имплементација на договорот.
Со тоа стануваат незивесни плановите на премиерот Борис Џонсосн за напуштање на Блокот до крајот на овој месец. Тој изјави дека ќе притиска напред и ќе се труди Британија да ја напушти Унијата до 31 октомври.
Тој додаде дека не бил „запрепастен“ од гласањето за одлужување на одобувањето на новиот договор за Брегзит, но и дека нема да има нови преговори со ЕУ.