Илјадници луѓе протестираат во Лондон барајќи нов референдум
![Илјадници луѓе протестираат во Лондон барајќи нов референдум](https://gdb.rferl.org/9BD11F66-47F5-47FF-948E-37CA7FE6B8BB_w800_h450.jpg)
Битката околу Брегзит денеска се излеа и на улиците во Лондон каде десетици илјади луѓе се собраа да бараат нов референдум, додека пратениците ја решават судбината за заминувањето на Велика Британија од Европската унија.
Демонстрантите кои мавтаат со знамиња на ЕУ и носат транспаренти со кои бараат Брегзит да биде стопиран, се собраа во лондонскиот централен парк од каде ќе продолжат со маршот низ центарот на главниот град до парламентот.
„Речиси сите анкети покажуваат дека сега луѓето сакаат да останат во ЕУ. Чувствуваме дека сме безгласни“, рече Хана Бартон (56), од централна Англија, која го носи знамето на ЕУ.
„Ова е национална катастрофа што ќе ја уништи економијата“,вели таа
Многу демонстранти носат плакати, на кои некои го споредуваат Брегзит со изборот на американскиот претседател Доналд или пак ги исмеваат политичарите како што е премиерот Борис Џонсон.