МОН го осуди поздравувањето на операцијата во Сирија во училиштето во Гостивар
Во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, каде што учениците со војнички поздрав ја поздравија турската офанзива во Сирија, ќе биде извршен инспекциски надзор и ќе биде донесена соодветна одлука, соопшти Министерството за образование.
„Законската регулатива отсекогаш го забранувала политичкото организирање и дејствување во училиштата кое соодветно се санкционира. Министерството за образование и наука ги осудува активностите кои биле организирани во основното училиште ‘Мустафа Кемал Ататурк’ во Гостивар и во кои учествувале ученици, а преку кои била испратена политичка порака за поддршка на воени акции на одредена држава“, се вели во соопштението.
МОН ги повикува менаџментите на училиштата, вклучително и на ОУ „М. К. Ататурк“ да се воздружуваат и да спречуваат организирање на било какви активности кои имаат политичка позадина и испраќаат политичка порака.
Завчера на „Фејсбук“ страната на училиштето се појави фотографија на која ученици, во придружба на настаниците и останатиот персонал од училиштето, стојат под турско знамe и упатуваат војнички поздрав за поддршка на турското воено движење, што алудира на турската воена офанзива во Сирија.