Зеленски во посета на Јапонија
Украинскиот претседател Влодимир Зеленски е во посета на Јапонија. За време на посетата тој ќе присуствува и на церемонијата на устоличување на императорот Нарухито.
За време на средбата со јапонскиот премиер Шинзо Абе, Зеленски се заблагодарил за поддршката што и се дава на Украина за нејзиниот територијален суверенитет и интегритет, соопштија од претседателскиот кабинет. Тие зборувале за јапонските инвестиции во Украина, кои од 2014 досега достигнале 1,8 милијарди американски долари. Било поставено и прашањето за укинување на визите за украинските граѓани. Јапонија од 2017 го олесни добивањето визи за државјаните на Украина. Освен со јапонските власти и претставници на стопанските комори и други бизнис организации, Зеленски ќе се сретне и со лидери на други држави кои ќе учествуваат на церемонијата на устоличување на императорот, што ќе се одржи утре.
Киев и Токио одржуваат добри односи. Јапонија не го признава руското анектирање на украинскиот полуостров Крим, а презеде и мерки против Русија за таквиот чекор. Јапонија и дава хуманитарна помош на Украина за жртвите од војната, помош и опрема за полициските сили и за здравствените власти, а дава и други грантови откако почна конфликтот во земјата.