Протест поради катастрофалните услови на Институтот за хемија
Неопременоста на лабораториите и недостигот на кадар се причината за денешниот протест на професори и студенти пред ПМФ во Скопје. Порачаа дека не смеат повеќе да работат во лоши услови, а ги поддржаа и нивни колеги кои имаат слични проблеми на своите факултети.