Во декември ќе се знае кој ќе биде технички премиер
Заменик – претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на новинарско прашање дали таа ќе биде новиот технички премиер одговори негативно и појасни дека за техничкиот премиер дискусијата ќе се води тогаш кога ќе дојде моментот.
„Апсолутно сметам дека тоа занимавање со прашање кое што е техничко ни го троши времето и енергијата. Фокусот сега мора да ни биде на работи што опозицијата како да сака да ги одолговлечи. Јас спомнав дека НАТО е наша точка на кохезија, меѓутоа членството во НАТО значи и наши обрски што сме ги презеле, значи ратификација на НАТОпротоколот, значи измени во законот за одбрана и измени во Законот за служба на армијата. Очекувам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да става сопки на тој успех што го издејствувавме, членство во НАТО. За жал добивам само молк дали двотретинскиот закон за одбрана ќе го поддржат или нема да го поддржат“, истакна Шекеринска.
Премиерот Зоран Заев пак денеска изјави дека на претстојните парламентарни избори во април следната година повторно ќе биде кандидат за премиерското место. На прашањето дали Оливер Спасовски ќе биде новиот технички премир, Заев рече дека ќе одговори на крајот од декември.