Жители од северна Грција не дозволија мигранти да бидат сместени во нивното село
![Жители од северна Грција не дозволија мигранти да бидат сместени во нивното село](https://gdb.rferl.org/D2AE6561-7057-423F-9E93-CB1888532777_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Жители на северна Грција не дозволија 380 мигранти да бидат сместени во хотели во близина на Солун. Мигрантите, поголемиот дел од нив семејства со деца од Сирија, Ирак и Авганистан ќе бидат сместени во камп на островот Евија на југот од земјата. Жителите на селото Врасна во северна Грција, со блокади, протести и реакции, ги премислија хотелиерите кои требаше да ги примат барателите на азил.
Хотелите претходно потпишале договори за сместување на шест месеци, но под притисокот на населението попуштиле и ги затвориле вратите на објектите.
Во меѓувреме во грчкиот Парламент доставен е новиот нацрт закон за азил.
Новиот закон меѓу другото предвидува задолжително основно и средно образование на децата кои ќе добијат статус на меѓународна заштита; воведување казни за непочитување на законот, како што се правилата на работа на центарот во кој престојуваат; редефинирање на процедурите за доделување и одземање на статусот на меѓународна заштита.