Претседателот на Либан ги повика демонстрантите на разговор
Претседателот на Либан Мичел Аун денеска изјави дека е подготвен за дијалог со демонстрантите за земјата да се спаси од колапс и посочи дека владата може да биде пренасочена, пренесува Ројтерс.
Претстите кои изразуваат бес кон владејачките елити кои ги сметаат за корумпирани започнаа минатата недела, при што ја парализираа земјата во покрај најавените реформи со цел намалување на незадоволството и добивање на финансиска помош од странски донатори.
Аун во телевизиско обраќање вети борба против државната корупција за која рече дека ги „изела до коска“, порачувајќи им на демонстрантите дека „нивниот глас нема да се загуби.“
„Подготвен сум да се запознаам со вашите претставници, да ги слушнам вашите специфични барања“, рече Аун.
Тој изјави дека “постои потреба да се преиспита работата на сегашната влада“, но ги предупреди демонстрантите дека системот не може да се промени со брзи протести.