УНХЦР изрази загриженост за измените на законот за азил во Грција
Агенцијата на ОН за бегалци УНХЦР изрази загриженост поради предлогот на грчките власти за измена на законот кој се однесува на барателите на азил, бидејќи со тоа може да ослабне заштитата на бегалците, пренесува Ројтерс.
Грција прифати построг пристап кон миграцијата, откако на власт дојде конзервативната влада на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Земјата се соочува со најголем прилив на мигранти уште од 2015 година, кога во Европа влегоа неколку милиони луѓе.
Грчките власти предлагаат да биде поедноставен долготрајниот процес на азил, како и депортирање на оние на кои ќе им биде одбиено барањето за азил.
Преседателот на УНХЦР во Грција Филип Леклерк предупреди дека предложените промени ќе ги загрозат оние на кои им е потребна меѓународна заштита.