Блокирани патишта во Либан, претседателот бара средба со демонстрантите
Демонстрантите во Либан ги блокираа главните патишта, на деветтиот ден од протестите против корупцијата. Тие велат дека ќе ја парализираат земјата и покрај понудата на претседателот да се сретне со нивни претставници.
Демонстрантите поттикнуваат затворање на банки и на училишта. Тие бараат оставка од сите политички лидери во Либан, обвинувајќи ги за систематска корупција.
Бројот на демонстрантите се намали за разлика од неделата, но може пак да се зголеми во текот на викендот.
Во обидите да го смири гневот, премиерот Саад Харири предложи пакет економски реформи, а претседателот Мишел Аун понуди да се сретне со претставниците на демонстрантите за да разговараат за нивните барања.