"Историски" пожари во Калифорнија
Силните ветришта ги разгоруваат историските пожари во северна Калифорнија, на границата меѓу САД и Мексико, соопштија властите денеска. На десетици илјади луѓе им е наредено да се евакуираат,а властите најавија можни исклучувања на струја во неколку области.
Налетите од 80 милји на час го разгоруваат пожарот во Кинкада предизвикувајќи го да се шири со поголем интензитет на оддалечен стрмен терен северно од Сан Франциско, соопшти Националната метеоролошка служба.
Кабинетот на локалните власти на округот Сонома изутрината издаде предупредување за евакуација за поголемиот дел од градот Санта Роза, во кој живеат околу 180.000 луѓе.
Пожарите избувнаа во четвртокот изутрината во градот Енсенада и се проширија, наведуваат мексиканските власти
Уште не е утврдено дали пожаротсе предизвикан од дефект во еликтричните инсталации.