Во СМС порака за „Монструм“ - Зад убиствата стојат професионалци
![Во СМС порака за „Монструм“ - Зад убиствата стојат професионалци](https://gdb.rferl.org/4BADDEBA-97EA-4C5B-A438-3856F706CA02_w800_h450.jpg)
На денешното рочиште за случајот Монструм, за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012, се читаат СМС пораки во врска со случајот.
Беа прочитан пораки меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и тогашниот заменик министер за внатрешни работи Џелал Бајрами. Бајрами му пишува на Ахмети дека станува збор за професионалци и дека тоа го немало нити во војната во Косово, ниту во војната во 2001, а наликувало на војните во поранешна Југославија.
За петкратното убиство обвинети се Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири. Во првото судење тие беа обвинети на доживотен затвор, но во 2017 Врховниот суд ја укина пресудата, а случајот го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.