Откажани два меѓународни самити во Чиле поради протестите
![Откажани два меѓународни самити во Чиле поради протестите](https://gdb.rferl.org/8B6988ED-7C15-495D-BFDD-B3D99A253814_w800_h450.jpg)
Чиле се повлече од организацијата на два меѓународни самити поради анти-владините протести во земјата. Претседателот Себастијан Пинера изјави дека ја донел „болната одлука“ да ја откаже средбата на Организацијата Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), како и конференцијата за климатски промени на ОН во декември.
Тој порача дека како претседател на Чиле секогаш мора да ги става во прв план проблемите, интересите и потребите на неговиот народ. ОН соопштија дека бараат алтернативна локација.