Црна Гора екстрадираше поранешен сведок во обидот за пуч во 2016
![Црна Гора екстрадираше поранешен сведок во обидот за пуч во 2016](https://gdb.rferl.org/6259A2DC-4264-4666-A839-E16574CF9C09_w800_h450.jpg)
Црна Гора го екстрадираше поранешниот сведок во случајот за обид за државен удар, Саша Синѓелиќ во Хрватска, каде тој треба да отслужи 21 годишна затворска казна за убиство и кражби. Тој беше уапсен во Црна Гора во јули по потерница од Интерпол.
Синѓелиќ беше клучен сведок во судењето за обидот за државен удар за време на парламентарните избори во земјата во 2016 година. Во мај 13 обвинети за случајот, меѓу кои и двајца руски разузнавачи и двајца црногорски опозициски лидери добија затворски казни од траење до 15 години.