Отворено писмо до Пендаровски и Заев за мерки против палењето огнови и отпад
![Отворено писмо до Пендаровски и Заев за мерки против палењето огнови и отпад](https://gdb.rferl.org/978E710C-99AA-48E2-8430-889AEEF72A3F_w800_h450.jpg)
Здружени граѓански и еко иницијативи преку отворено писмо до претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев како последица на пожарите низ земјата бараат активирање на припадници на армијата и полицијата во редовни патроли и дежурства на критични точки каде се палат огнови и отпад на отворено, со цел да се заштити здравјето, животот и имотот на граѓаните. Тие повикуваат и да се едуцираат граѓаните за штетните последици од палењето на огнови и отпад на отворено, пред се од здравствен аспект.
Копии од писмото се испратени и до Град Скопје, министерството за животна средина и просторно планирање и МВР. На отвореното писмо потпишани се 13 граѓански и еко иницијативи, меѓу кои Екогерила, О2 иницијатива, Не биди ѓубре, како и Движење за чист воздух, Го сакам водно и Скопје Смог Аларм.