Секој припадник на АРМ ќе добива по 7000 денари месечен надоместок
![Секој припадник на АРМ ќе добива по 7000 денари месечен надоместок](https://gdb.rferl.org/6E3242EE-73C1-4793-A3BC-F279B4D86EAD_cx18_cy17_cw82_w800_h450.jpg)
Од први март следната година секој припадник на Армијата, без разлика дали се работи за воен или за цивилен персонал, ќе добива месечен надоместок од околу 7.000 денари. Надоместокот ќе биде за закупнина или станарина за решавање на станбеното прашање, рече денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
Таа вели дека следната година Министерството за одбрана ќе искористи над седум милиони евра од својот буџет и ќе ја насочи кон припадниците на Армијата. Новото законско решение за користење на средствата за закупнина нема да важи само за припадниците кои добиле станови од поранешна ЈНА.