Вархеји: ЕУ и Западен Балкан заедно против коронаирусот
Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји денеска соопшти дека сите шест партнери на ЕУ од Западен Балкан, односно Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово го потврдиле своето учество во договорот за заеднички набавки, што се однесува на медицинска и друга опрема за справување со пандемијата на коронавирусот.
„Заедно се бориме против коронавирусот. Задоволен сум што сите шест партнери од Западен Балкан го потврдија своето учество во Заедничкиот договор за набавка, а четири досега го усвоија предлогот за „зелени линии“ кои ќе го осигураат протокот на храна и лекови, напиша Вархеји на Твитер.
Иницијативата на Европската комисија за таканаречените „зелените линии“ е со цел отстранување на пречки за превоз на стока и медицинска опрема ширум Европа.