Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Апрель
2020

Новости за 03.04.2020

Стадионот на Борусија Дортмунд станува центар за прегледи за луѓе со симптоми на коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот фудбалски клуб Борусија Дортмунд претвори дел од својот ултрамодерен стадион во центар за прегледи од новиот коронавирус. Северната трибина на најголемиот германски стадион, кој има 82 илјади места, ќе биде користена за луѓе за кои постои сомневање дека се заболени или кои имаат симптоми на болеста. Центарот ќе биде отворен утре и тука ќе се утврдува кој ќе оди во домашна изолација, а кој во болница. Поради пренатрупаност на здравствените установи во Дортмунд со луѓе за кои постои сомнеж дека се заразени... Читать дальше...

Медиуми - Два реда за коронавирусот, еден ред за НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Медиумите изобилуваат со вести и колумни во врска со коронавирусот. Медиумите известуваат која земја како се справува, за статистики и економски планови. Тие пишуваат и за првото учество на Македонија на конференција на НАТО како полноправна членка.

Јоханис апелира Романците од странство да не се враќаат за Велигден

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Романија Клаус Јоханис испрати апел до романските државјани во странство да не се враќаат дома за велигденските празници поради епидемијата на коронавирус, пренесува Агерпрес. Јоханис изрази жалење поради апелот кој морал да го упати до граѓаните на Романија. „Овојпат, воскресението на нашиот Господ го опфаќа целото човештво во длабока криза. Оваа година ќе бидеме до нашите најблиски од далеку“, рече романскиот претседател.



Тавилах – Брзите тестови за коронавирус сè уште не се препорачуваат од СЗО

SlobodnaEvropa.mk 

СЗО е исклучиво фокусирана на тестови за вирусологија и молекуларна дијагностика, бидејќи тоа е препорачан метод за идентификација на случаи со зараза. Серолошки тестови, како оние што се користат за испитување на имунолошкиот одговор на лицето кое се тестира, но не и на честичките на самиот вирус – како оние тестови кои се прават во некои приватни болници и лаборатории – моментално не се препорачани од СЗО за детекција на Ковид-19 и не се вклучени во спецификациите за тестови, кои се одобрени од СЗО. Читать дальше...

Орбан нема да разговара за демократијата со Брисел, зафатен е со коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ѝ порача на ЕУ да се бори против коронавирусот наместо да се занимава со Унгарија и со него. Неговата порака уследи после критиките кои ЕУ му ги упати поради проширувањето на овластувањата и после предупредувањата на 16 членки на ЕУ. „Не знам кои се тие луѓе кои седат во бриселското стаклено ѕвоно“, рече Орбан за државното радио. „Можеме да спасуваме животи работејќи заедно, а со што се бави Брисел, со нас“, рече тој. Претседателката на Европската комисија... Читать дальше...

Во кумановската болница заболени 11 медицински лица од коронавирус

SlobodnaEvropa.mk 

Единаесет медицински лица од кумановската болница се заболени со коронавирус, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Има заболено и медицински техничар во Инфективната клиника во Скопје. „Во Куманово имаме 11 потврдени случаи позитивни на коронавирусот, оваа бројка ја загрозува работата на Инфективното одделение, поради тоа двајца доктори од Скопје и Штип ќе ја оддржуваат работата на ова одделение. Во овој момент, бидејќи има заболени и на оделението за рентген и општи лекари... Читать дальше...

ССМ - Работниците да не потпишуваат спогодби за престанок на работниот однос

SlobodnaEvropa.mk 

Сојузот на синдикати на Македонија апелира до работниците да не потпишуваат бланко листови, ниту спогодби за престанок на работниот однос во ситуација во која фирмите се соочуваат со кризата што ја предизвика коронавирусот. „Апелираме да не се потпишуваат никакви бланко листови, ниту какви било спогодби за престанок на работниот однос за да можеме и ние синдикатите, а и Државниот инспекторат за труд да делуваме и да ги спречиме сите незаконски појави“, вели претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Читать дальше...

Цел викенд полициски час во Куманово

SlobodnaEvropa.mk 

Владата донесе одлука за полициски час во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21 часот вечерва до 5 часот в понеделник, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски. Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16 до 5 часот. „За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби“, пишува Спасовски на Фејсбук.



Кривична пријава и притвор за момчињата кои тепаа девојка во Штип

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот официјален Фејсбук профил напиша дека во текот на денешниот ден лицата П.Р. и С.А. се изведени пред судија на претходна постапка и им е определена мерка притвор. Против лицата поднесена е и кривична пријава за насилство. Двајцата пред неколку месеци малтретирале и тепале девојка, а видео-снимката неодамна излезе на социјалните мрежи. СВР Штип против момчињата поднесе кривична пријава за кривично дело „Насилство“.

Дука – Седете дома, сè уште има коронавирус во Дебар

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, на денешната прес-конференција побара од граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат препораките и мерките со цел да се спречи проширувањето на коронаврусот. „Три дена немавме позитивен на Ковид-19 од нашата општина. Денеска потврдени се два нови случаи. Тоа значи дека опасниот вирус сè уште е во Дебар, што пак предупредува дека мерките и препораките и понатаму треба строго да се почитуваат. Останете дома, тоа е најефикасната мерка за справувањето со овој опасен вирус. Читать дальше...

Фон Крамон: Тачи добро да размисли дали ќе ја распушти Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Известувачката на Европскиот парламент за Косово, Виола фон Крамон, му порача на претседателот на Косово, Хашим Тачи, да размисли двапати дали е мудро да ја распушти актуелната влада. „Во кризно време е потребна функционална влада. Не играјте си со Уставот додека народот умира. Тоа е мојот совет“, напиша Виола фон Крамон на својот профил на Твитер. Таа ја поздрави одлуката на приштинската влада за укинување на таксите за производи од Србија и од Босна и Херцеговина. Официјален Белград изрази незадоволство од ваквата делумна одлука... Читать дальше...

4 милиони евра од ЕУ за итни медицински потреби на С. Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Евроамбасадорот во Северна Македонија, Самуел Жбогар, денеска го потпиша финансискиот пакет вреден четири милиони евра за итни медицински потреби на Северна Македонија, како одговор на кризата со Ковид-19. Помошта од ЕУ овозможува набавка на маски, вентилатори, комплети за тестирање, медицинска опрема и значителни количини на опрема за лична заштита. Таа ќе биде спроведена од УНОПС – Канцеларијата на ОН за проектни услуги. Итна помош од ЕУ за Западен Балкан поради Ковид-19, за С. Македонија... Читать дальше...

Помош за невработени, енергетски додаток за 30.000 лица и образовен додаток за 17.000 ученици

SlobodnaEvropa.mk 

Со вториот пакет мерки на Владата насочени кон надминување и ублажување на последиците од здравствено-економската криза, покрај заштита на работните места, една од клучните мерки е и паричната помош на лицата и семејствата на кои таа им е потребна, изјави денеска заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар на заедничката прес-конференција во Владата со дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ. „Конкретно на лицата кои останеле без работа или биле дел од неформалната... Читать дальше...

Двајца починати на Инфективна клиника, за едниот се чека резултат од тестот за Ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст од 70 години од Куманово, кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, неговиот резултат на Ковид-19 се уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија. Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти... Читать дальше...

Србија - Нов полициски час од сабота во 13 до понеделник до 5 часот

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека од сабота во 13 часот до понеделник до 5 часот наутро ќе биде забрането движењето на територија на цела Србија, освен за пензионерите кои ќе можат во недела од 04 до 07 часот да излезат да купат намирници. Вучиќ го претставува економскиот пакет Според него, во Србија во наредните 74 часа се очекува забрзување на бројот на заболени од вирусот, како и бројот на починати, имајќи предвид дека 81 лице се наоѓа на респиратори, додека како жаришта на епидемијата ги означи Белград... Читать дальше...

11 медицински лица од Кумановската болница позитивни на коронавирус

SlobodnaEvropa.mk 

Директорката на Кумановската болница, Снежана Захариева, за МИА, потврдила дека во кумановската болница има 11 здравствени работници позитивни на коронавирусот. Според директорката, од вкупно заболените, двајца се доктори, тројца се ренген техничари, три се сестри на Одделението за хирургија, две се сестри на Инфективното одделение и една медицинска сестра од Одделот за неонатологија. Куманово пак бара прогласување кризна состојба во целата општина „Министерството е информирано за оваа ситуација... Читать дальше...

Шкријељ: Брз влез во системот на социјална заштита за они кои останале без работа

SlobodnaEvropa.mk 

Лицата кои останале без работа или биле дел од неформалната економија во ситуацијата предизвикана од пандемијата добиваат брз влез во системот на социјална заштита, најавија заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ. Бајрактар: Нема одлука за колективен одмор за сите вработени „За да добијат минимална гарантирана помош, материјалната необезбеденост за лицата ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите... Читать дальше...

Пазарната инспекција и АХВ направиле над 5000 контроли поради коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 28 март до 1 април спроведе 277 надзори во повеќе градови низ државата. Притоа изрече пет решенија на месарници и маркети за констатирана лоша општа хигиенска состојба и им нареди веднаш да извшат дезинфекција, дератизација и дезинсекција. Како што соопшти на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска, со надзорите на АХВ, освен месарници и маркети, биле опфатени и угостителски објекти и производствени објекти, како и зелени пазари. Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ бара укинување на матурата за годинава

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во ек на светска пандемија и целосна блокираност на образовниот систем, македонската влада импровизира и си игра со иднината на илјадници ученици. Најголемата опозициска партија вели дека се потребни итни мерки за наставно образовниот процес. Онлајн настава - системско решение или волја на наставниците? „ВМРО-ДПМНЕ бара итно укинување на државната матура за учебната 2019/2020 година за сите ученици. Донесување Уредба со која ќе се овозможи запишување на факултет без... Читать дальше...


Музыкальные новости
Игорь Бутман

Игорь Бутман раскрыл, куда исчезла певица Ирина Отиева





Rss.plus
Родион Газманов

Сергей АРУТЮНОВ на своём сольном концерте в Государственном Кремлёвском Дворце презентовал дуэт с Родионом Газмановым. Артисты вместе исполнили хит “Люси”




Самодельное взрывное устройство обнаружено у входа на станцию метро в Стамбуле

Главврача подмосковной больницы задержали за взятку

Оздоровительные лагеря готовятся встретить мытищинских школьников

Депутат Цивилев ответил на вопрос о штрафах для курьеров-нарушителей ПДД




Шпанија ја надмина Италија по број на заразени со коронавирус

SlobodnaEvropa.mk 

Шпанија денеска ја надмина Италија по бројот на заразени со коронавирус, има 117.710, а само во еден ден починале 932. Вкупно смртни случаи во Шпанија досега има 10.935. Над 30.000 оздравеа. Во Италија бројот на заразени е 115.242, на починати 13.915, а на оздравени е 18.278. Дали податоците ја даваат вистинската слика за пандемијата? Жртви на коронавирусот најчесто се постари лица, но многубројни случаи покажаа дека болеста може да ги погоди и децата со силен имунолошки систем. Таквите случаи... Читать дальше...

Лајчак назначен за специјален претставник на ЕУ за Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Службата за надворешни работи на ЕУ соопшти дека Мирослав Лајчак и официјално е назначен за специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина како и за западниот Балкан, јави МИА од Брисел. „Задачата на новиот Специјален претставник на ЕУ ќе биде постигнување на целокупна нормализација на односите помеѓу Србија и Косово, да се подобрат соседските односи и помирувањето меѓу партнерите на Западниот Балкан, да им се помогне да го надминат наследството од минатото и да придонесе за конзистентноста... Читать дальше...

Бајрактар: Нема одлука за колективен одмор за сите вработени

SlobodnaEvropa.mk 

Не е донесена одлука од понеделник сите вработени лица да користат колективен одмор, како еден од мерките за справување со коронавирусот, изјави денеска заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, и додаде дека тие мерки ќе се креираат согласно потребите. „Во моментот нема таква одлука. Кризниот штаб ја следи состојбата и мерките ќе ги креира согласно потребите што ќе се појават овие денови“, изјави Бајрактар, одговарајќи на новинарско прашање. Заменик-министерот најави... Читать дальше...

Волонтери со пакет на врата во време на корона

SlobodnaEvropa.mk 

Пакети со храна, лекови и хигиенски средства на врата. Во време на епидемија од коронавирус, волонтерите на Црвениот крст апелираат граѓаните да останат во своите домови и да побараат поддршка од нив, доколку им е потребна.

Бектеши: Можеме да извезуваме пченица и брашно, залихите ни се добри

SlobodnaEvropa.mk 

Владата ќе ја укине забраната за увоз и извоз на пченица и брашно, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, по состанокот со претставници од мелничко-пекарската индустрија во земјата. Тој појасни дека одлуката се менува поради фактот што нема недостиг на брашно и пченица, а тоа го направиле и земјите од регионот. „Залихите се во одлична кондиција во земјава и имаме простор да овозможиме компаниите да продолжат да извезуваат и затоа дозволуваме извоз. Немаме проблеми со снабдување со брашно, ниту покачување на цените. Читать дальше...

ЕУ подготвува план за развој на Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, изјави дека ЕУ подготвува економски план за развој на земјите од Западен Балкан што ќе биде претставен на Самитот ЕУ-Западен Балкан што треба да се одржи во Загреб во мај. Економскиот план е еден од трите чекори што ги презема Европската комисија во рамки на реформата на преговарачкиот процес, а кои треба да помогнат за ефиканска трансформација на општествата во земјите од регинот и да обезбедат конретни резултати. Писонеро: ЕК веќе работи... Читать дальше...



Москва

Стоматолог Татьяна Сумцова: какие зубные пасты вредны для зубов


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин: в ТиНАО создадут новые управы районов



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Тимати

Не меньше года уйдет на восстановление: невеста Тимати пострадала на Мальдивах




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Строительные леса обрушились у здания спортшколы на Новочеремушкинской улице

В Подмосковье сотрудники ОМОН «Русич» Росгвардии приняли участие в церемонии открытия соревнований по дзюдо среди детей и подростков

Семьи из Подмосковья поборются за выход в финал конкурса «Это у нас семейное»


WTA

Соболенко вышла в полуфинал турнира WTA в Риме



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Подачу тепла в Москве остановят с 17 мая



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России