Филипче: Мобилната болница е подготвена, се надевам дека нема да ни треба
![Филипче: Мобилната болница е подготвена, се надевам дека нема да ни треба](https://gdb.rferl.org/E5234C62-9870-4385-954C-6AF907CF28B0_w800_h450.jpg)
Мобилната болница за прием на заразени со коронавирус ќе биде пуштена следната недела и во неа има 130 кревети и соодветни услови, тоалети, тушеви.., информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој заедно со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и со скопскиот градоначалник Петре Шилегов, ја посети локацијата кај Клиниката за инфективни болести во Скопје.
„Сметавме дека ова место е најдобро за да биде сместена мобилната болница затоа што е во близина на Инфективната клиника. Искрено се надеваме дека нема да има потреба да ја користиме болницата“, рече Филипче.
Со неа, според Филипче, допонително се зголемуваат капацитетите за хоспитализација на инфицираните од Ковид-19, а здравствениот систем во земјава е подготвен и за пикот на пандемијата.
Спасовски го претстави вториот кризен пакет: Ова е помош за сите
ТЕСТ: Колку знаете за коронавирусот?