11 медицински лица од Кумановската болница позитивни на коронавирус
Директорката на Кумановската болница, Снежана Захариева, за МИА, потврдила дека во кумановската болница има 11 здравствени работници позитивни на коронавирусот. Според директорката, од вкупно заболените, двајца се доктори, тројца се ренген техничари, три се сестри на Одделението за хирургија, две се сестри на Инфективното одделение и една медицинска сестра од Одделот за неонатологија.
Куманово пак бара прогласување кризна состојба во целата општина
„Министерството е информирано за оваа ситуација и е побарана помош за организација на работењето на болницата“, вели Захариева.