ЕУ подготвува план за развој на Западен Балкан
Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, изјави дека ЕУ подготвува економски план за развој на земјите од Западен Балкан што ќе биде претставен на Самитот ЕУ-Западен Балкан што треба да се одржи во Загреб во мај.
Економскиот план е еден од трите чекори што ги презема Европската комисија во рамки на реформата на преговарачкиот процес, а кои треба да помогнат за ефиканска трансформација на општествата во земјите од регинот и да обезбедат конретни резултати.
Писонеро: ЕК веќе работи на преговарачката рамка со Северна Македонија
Вархеји: ЕУ и Западен Балкан заедно против коронаирусот
Можат ли младите да ги урнат ѕидовите меѓу Грција и Северна Македонија?
Другите два чекора, покрај економскиот план, се однесуваат на измената на методологијата за проширување на ЕУ и отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.