Папата Франциск издвои 750 000 долари помош за сиромашните земји
Папата Франциск определи фонд за итни случаи за да им помогне на областите погодени од коронавирусот во земјите во развој, објави денеска Ватикан.
Во соопштението се наведува дека папата првично определил 750.000 американски долари средства што му биле на располагање. Тој ги замоли црквите и епархиите да придонесат колку што можат.
Средствата ќе бидат дистрибуирани во установите кои ги води катаоличката црква претежно во Африка, Азија Океанија и дел од регионот Амазон.
Минатиот месец, поглаварот Франциск донираше 30 вентилатори во италијанските болници во области кои се најтешко погодени од пандемијата на коронавирус.