Издадени 27.000 дозволи за движење во полициски час
Издадени се 27 илјади дозволи за движење во тек на полицискиот час воведен поради вонредната состојба со корона кризата, информираше денеска министерот за информатичко општество.
Министерството за информатичко општество и администрација ги издало овие дозволи наразлична категории претставници на институции или други категорија граѓани. Таква дозвола може да добијат и оние кои негуваат немоќно и болно лице, информира денеска Манчевски. За да добијат дозвола оние кои лекуваат немоќно и болно лице, треба до Министерствотопо електронски пат да достават лични податоци на барателот на дозволата,како и медицинска потврда што ја докажува медицинската состојба на лицата за кои тие се грижат. Дозволата се издава исто така електронски и секој ќе ја добие на својот мејл, рече Манчевски на прес-конференцијата.
Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење во тек на полицискиот час за органи на државната власт, кризни штабови, медиуми, погребални претпријатија и пекари до пет вработени.