Починала 80-годишната пациентка од Штип со Ковид-19
Центарот за јавно здравје и Oпштина Штип потврдиле за МИА дека на Клиниката за Инфективни болести во Скопје починала 80-годишна жена од Штип, која била позитивна на Ковид 19. Жената, која неколку дена се лекуваше на Клиниката за инфективни болести во Скопје, по што ја изгуби битката со коронавирусот, најпрвин беше хоспитализирана на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев, информираше дека по овој случај 14 медицински лици од штипското Инфективно одделение се сместени во самоизолација, односно веќе четврти ден се изолирани двајца лекари, осум медицински сестри и четворица болничари.
ВИДЕО - Во потрага по терапија против коронавирусот
Според Ѓеорѓијев, во моментов на Инфективното одделение се лекуваат пет пациенти позитивни на Ковид 19, од кои двајца се од Штип, а тројца од кочанскиот регион и имаат четворица пациенти кои се со сомнителни симптоми на коронавирус и за нив се чекаат резулатите од тестирањето.