Работници пријавуваат дека биле принудувани да потпишат откази од работа
Државниот инспекторат за труд апелира до вработените да не потпишуваат договори или отказни решенија ако не се сигурни што тие значат. Препорака е да се внимава што се потпишува или да се направи консултација со стручни лица. До Инспекторатот веќе се стигнати претставки од работници кои се принудени на потпишат отказни решенија или им се нудат договори за работа со скратено работно време.
„За жал, има неколку такви претставки и се постапува по сите согласно законот. Апелирам вработените да внимаваат што потпишуваат. Може да се јават во Трудовата инспекција во секое време, во секоја подрачна единица. Истакнати се броевите на инспекторите и тие се јавуваат на повик и може да ги консултираат. Вработените да не потпишуваат нешто што не знаат и потоа да има последици по нив“, изјави денеска директорот на Трудовиот инспекторат, Аљадин Хавзиу.
ССМ - Работниците да не потпишуваат спогодби за престанок на работниот однос
Тој додаде дека до Инспекторатот нема доставено пријави од граѓани дека Агенцијата за вработување не ги регистрира работниците на кои им престанал работниот однос по основ на престанок на важност на договорот за работа.