Починала родилката позитивна на Ковид-19, денешниот број на жртви се искачи на 3
![Починала родилката позитивна на Ковид-19, денешниот број на жртви се искачи на 3](https://gdb.rferl.org/286CF665-8B5B-4098-A3C0-FBAF6B4A538E_cx0_cy14_cw0_w800_h450.jpg)
Министерството за здравство информираше дека пред малку починала 27-годишната родилка од Куманово, која беше позитивна на Ковид-19. Со тоа бројот на починати од Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми на 3.
„Родилката на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот. Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален“, соопшти пред малку Министерството за здравство.
Клиниката за гинeкологија и акушерство информира дека бебето е во добра состојба, се уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот.
18 новозаразени со коронавирус и пет излекувани
Министерството за здравство пред неполн час информираше дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје починало едно лице од Куманово на возраст од 73 години, а во својот стан во Кавадарци било пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого посмртно е земен брис од кој се потврдило присуство на коронавирусот. Според МЗ, бројот на новозаразени со коронавирус во последните 24 часа е 18, а излекувани и пуштени од болница биле 5 пациенти.