Џонсон оди на кратки прошетки во болницата
Британскиот премиер Борис Џонсон оди на кратки прошетки како дел од медицинскиот третман откако беше хоспитализиран поради коронавирус. Џонсон до вчера беше на интензивна нега, односно вкупно три ноќи и сега се наоѓа во вообичаениот оддел на лондонската болница.
Борис Џонсон го напушти одделот за интензивна нега
„Премиерот успеа да направи кратки прошетки, помеѓу периоди на одмор, како дел од грижата што ја прима. Тој разговараше со своите лекари и се заблагодари на целиот клинички тим за неверојатната грижа што ја доби“, рече портпаролот на Даунинг стрит.