МВР: 138 лица не ја почитувале забраната за движење
Во изминатите 24 часа 138 лица не ја почитувале забраната за движење, при што привидени се 121 лице, додека за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Во соопштението на МВР исто така се вели дека на 77 лица им се издадени решенија за изолација, а 335 лица потпишале изјави за самоизолација.
„Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката“, велат од МВР.