Утре напладне седница за вонредната состојба
Советот за безбедност утре напладне ќе се состане за да одлучува за вонредна состојба во државата.
На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски, ќе присуствуваат и вицепремиерот задолжен за европски прашања и Национален координатор за странска помош, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче, информираа од Кабинетот на Претседателот.
Влада: За справување со коронавирусот потребна е вонредна состојба
Ќе продолжи ли вонредната состојба, Пендаровски вели - најверојатно
Претходно од Владата соопштија дека на седница одлучиле да му достават предлог на Претседателот во кој се оценува дека за успешно справување со коронавирусот потребна е вонредна состојба во државата.
Вчера претседателот Пендаровски рече дека, со оглед на панедемијата, смета дека ќе има продолжување.
На 18 март беше прогласена вонредна состојба на територија на цела држава во траење од 30 дена.