Шекеринска најави армиско присуство во повеќе градови
Во следниот период припадниците на Армијата ќе бидат во зголемен број присутни како поддршка на МВР и на единиците на локална самоупорава во сите општини каде што таа помош беше побарана, најави денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
„Можам да најавам дека припадниците на Армијата ќе бидат дополнително ангажирани во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Охрид, Струмица, Куманово, Битола, Прилеп, а во текот на денешниот ден разговараме и со конкретно Општина Центар, Велес, Кавадарци и Росоман. Очекуваме ваквото поголемо присуство и учество да им помогне и на општините и на МВР да се справат со спроведување на сите мерки за заштита“, изјави Шекеринска на денешната прес-конференција.
Вонредната состојба - успешни мерки или и промашувања
Користејќи воени капацитети, потенцира таа, се трудиме секој ден да помогнеме да спасиме човечки животи. Одговарајќи на новинарско прашање за ангажирање на Армијата во Куманово, Шекеринската рече дека затворањето на овој град каде што има голем број заболени, ќе значи трошење многу ресурси, а нема да го реши проблемот.