Филипче - Здравјето дел од честитките, но забораваме да го штитиме
![Филипче - Здравјето дел од честитките, но забораваме да го штитиме](https://gdb.rferl.org/B73FCB6B-C1DC-4CFA-8A12-6F0D699AC956_w800_h450.jpg)
Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил упати честитка за Велигден и потсети колку е важно да се штити здравјето.
„Една од најважните работи кои секогаш е дел од сите честитки, е доброто здравје. Иако редовно го посакуваме, често забораваме да го заштитиме или да се грижиме за него. Нека овој празник нѐ потсети колку е важно да се грижиме за нашето здравје, но и за здравјето на сите околу нас. Колку е важно да сме одговорни за себе, но и за другите. Колку е важно колективното наспроти индивидуалното“, наведува Филипче.
Филипче - Мерките даваат резултати, од мај полека ќе се олеснуваат
Тој уште еднаш со потсетување за важноста од почитување на препораките и мерките од надлежните.