Полицискиот час го прекршиле 84 луѓе
Полицијата регистрирала 84 луѓе кои во изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење. Од нив приведени се 67 луѓе, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштија од МВР.
Исто така, според статистичките податоци за изминатите 24 часа на 31 лице им се издадени решенија за изолација, а 43 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.