Османи: Пристигна и последната пратка кинеска помош
![Османи: Пристигна и последната пратка кинеска помош](https://gdb.rferl.org/D05CFF48-BF82-4275-9C77-C524162470C2_w800_h450.jpg)
Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој е задолжен и за организација на странските донации во вонредната состојба поради епидемијата на коронавирусот, на својот Фејсбук профил објави дека пристигнала последната пратка од помошта во тестови и лична заштитна опрема од Кина.
Кинеска помош на пат кон С. Македонија, соопшти Османи
„Пристигна и последната пратка од Кинеската помош во тестови и лична заштитна опрема. Со амбасадорот одржавме онлајн пресконференција“, објави Османи.