Во Авганистан убиени 19 провладини војници
![Во Авганистан убиени 19 провладини војници](https://gdb.rferl.org/D8CDA471-B036-43DC-B735-5B338F9BA8E9_cx0_cy3_cw0_w800_h450.jpg)
Авганистанските власти соопштија дека 19 припадници на провладините сили биле убиени во талибански напади во северната провинција Такар. Талибанските милитанти ноќеска ги нападнале локалните сили под команда на авганистанската армија во областа Кваја Гар од неколку насоки, изјави областниот шеф Мухамед Омар.
Тој рече дека борбите продолжиле и рано утрото. Министерството за одбрана соопшти дека напаѓачите биле одбиени и дека талибанците претрпеле жртви. Засега нема коментар од талибанците.
Талибанците убија девет авганистански војници
Борбите низ Авганистан продолжуваат, и покрај тоа што талибанците потпишаа договор со САД во Доха, во Катар кон крајот на февруари. Договорот има цел да го отвори патот за размена на затвореници меѓу милитантната група и владата во Кабул, која веќе започна, и да доведе до потенцијални мировни преговори меѓу Авганистанците.