Идентификувани „играорците“ во полицискиот час во Гевгелија
СВР Струмица соопшти дека, покрај до сега идентификуваните 23 лица, идентификувани се уште 11 лица од настанот од 19 месецов, кога на првиот велигденски ден на улицата „Јосиф Јосифовски“ во гевгелија се играло оро за време на полициски час. СВР Струмица и ОВР Гевгелија продолжуваат со преземање на мерки и активности со цел целосно расчистување и документирање на настанот.
Мерките ќе олабавуваат, оро сè уште не може да се игра
Со новоидентификуваните лица во текот на денешниот ден ќе бидат обавени службени разговори во станицата во Гевгелија, а полициските службеници продолжуваат со идентификување на нови лица кои биле присутни на местото на настанот. По целосно документирање на настанот против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни казнени пријави до ОЈО Гегелија со чија што координација се води целата постапка, се вели во соопштението на СВР Струмица.