12-те респиратори од ЕУ пристигнаа во Скопје
Како дел од проектираната помош на Европската Унија од четири милиони евра за итни медицински потреби, денес во Скопје пристигнаа 12 машини за асистирано дишење – респиратори, како и пет илјади заштитни маски „N95“. Набавката е реализирана преку агенцијата на обединетите нации УНОПС, во соработка со Секретаријатот за европски прашања, како надлежна институција за координација на странската помош во земјава.
„Овие 12 машини ќе го зајакнат капацитетот на здравствениот систем за справување со епидемијата и соодветно третирање на пациентите, што е еден од главните предизвици во справувањето со епидемијата. Во овие сложени околности и отежнати услови за набавка на овие респираторни машини, набавката и доставата на овие машини претставува огромен успех“, порача Османи, упатувајќи посебна благодарност до претставниците на ЕУ во земјата, како и до администрацијата задолжена за реализација на набавката.
ЕУ лидерите се согласија за обнова на долгорочниот буџет
Респираторите кои денес пристигнаа во земјава се произведени во Јужна Кореја, а според договорот потпишан на 3 април, останува преку УНОПС да се испорачаат уште осум респираторни машини или вкупно 20. Во рамките на помошта од Европската Унија, во континуитет пристигнува медицинска и заштитна опрема согласно утврдената приоритетна листа.