Излекуваните од коронавирус во Дебар во добра здравствена состојба
![Излекуваните од коронавирус во Дебар во добра здравствена состојба](https://gdb.rferl.org/4FC2166E-456F-4EAE-A920-76DDF864960A_cx0_cy9_cw0_w800_h450.jpg)
Во Дебар и Центар Жупа, каде што беа евидентирани првите болни лица од коронавирус на 26 февруари, вкупниот број на евидентирани заболени до овој момент е 51, од кои 4 лица починаа, а 47 се излекувани, јавува нашиот дописник Кенан Мимидиновски.
Мела – За два дена тестирани 900 луѓе во Дебар и Центар Жупа
Екипа на лекари специјалисти од Дебар и Скопје, предводени од раководителот на единицата за јавно здравје во Дебар, епидемиологот Ментор Мела, изврши посети на 26 дебарски семејства од каде се 47-те излекувани. Мела ни изјави дека нивната здравствена состојба е мошне добра. Тринаесет од болните се лекуваа успешно во Инфективната клиника во Скопје, рече тој.
„Особено треба да се нагласи дека и лицата кои беа болни, а беа во домашна изолација во Дебар, а таа бројка беше 34, беа добро лекувани и имаа мошне добар здравствен третман.
Новозаболени 19 од коронавирус, оздравени 126, двајца починати
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, денеска во соопштение информираше дека вкупниот број на лица во самоизолација во Дебар е 16.