Русија ја надмина Кина во бројката на заболени од Ковид 19
![Русија ја надмина Кина во бројката на заболени од Ковид 19](https://gdb.rferl.org/AE57AAD9-DF2E-4AE3-A31E-9F0F735F46DE_w800_h450.jpg)
Русија го надмина бројот на заболени од коронавирусот во Кина со тоа што денешниот биланс на заболени се искачи над 87 илјади евидентирани случаи. Руските власти денеска завеле над 6 илјади нови случаи на заболени од Ковид 19 по што вкупниот број на заболени во Русија изнесува 87 147, што е за 3 илјади повеќе од бројката на заболени што ја објавија кинеските власти. Вирусот, кој прв пат се појави во Кина, предизвика смрт кај речиси 800 луѓе во Русија.Во меѓувреме, се зголеми и притисокот врз руската влада за олеснување на рестриктивните мерки поради зајакнување на „заразената “ економија.