Џезот како славење на слободата и дијалог меѓу културите
Со неколку концерти на врвни македонски музичари и групи кои ќе бидат емитувани на интернет страниците на Здружението на џез-музичари, Град Скопје и Младински културен центар, овој четврток, по четврти пат, во нашата земја ќе биде одбележан 30 април – Меѓународниот ден на џезот.