Експлозија на бомба кај Кабул, 3 загинати и 15 повредени
![Експлозија на бомба кај Кабул, 3 загинати и 15 повредени](https://gdb.rferl.org/7D294D94-FE32-4FC1-9E7B-52744C7F40F1_w800_h450.jpg)
Три лица загинаа, а 15 се повредени во експлозија на бомба на 11 километри од главниот град на Авганистан, Кабул, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.
„Бомбаш-самоубиец активирал експлозив меѓу цивилите во близина на Кабул во средата наутро“, рече портпаролот на министерството, Тарик Аријан, пренесе „Ројтерс“.
Сè уште не е јасно кој е одговорен за нападот. Бројот на вооружените конфликти во Авганистан е намален по потпишувањето на мировниот договор меѓу САД и Талибанците кон крајот на февруари.