Нови правила за фирмите и за државната помош
Микро и малите фирми кои користат владини мерки за финансиска помош ќе можат да го намалат бројот на вработени до 15 отсто, средните до 10 отсто и големите до 5 отсто, рече министерката за финансии, Нина Ангеловска, на денешната прес конференција на која беа презентирани новите владини мерки. Претходно важеше правилото ако користи владина помош, работодавачот треба да го задржи истиот број на вработени два месеца по користење на мерката, односно до јули.
Со новите мерки, како што информираше министерката, микро, малите и средните претпријатија нема да треба да ги вратат средствата добиени како финансиска помош од владата ако исполнат одредени услови.
Почнува приемот на апликации за кредити без камата
Тие услови се фирмите да имаат добивка претходните две години, да не се на листата должници на УЈП, да не доцнат со плаќање на кредитите подолго од 90 дена од денот на достасување на обврската и да и нвестираат еднаков или поголем износ на добиената поддршка во тренинзи на вработени, надградба на процеси, продуктивен капитал, информираше Ангеловска.
Министерката додаде дека очекува после ова да има критика „зошто менувате“: Сега може да биде критиката дека менуваме, а ако не сменевме, критиката да биде зошто не променивте.
Ангеловска информираше дека од програмата „Ковид 1“ се одобрени вкупно 631 бескаматен кредит од Развојната банка, во износ од 4,7 милиони евра, а од денеска микро, малите и средни претпријатија од сите дејности ќе можат да аплицираат за новата линија бескаматни кредити „Ковид 2“ во висина од осум милиони евра.