2300 медицински лица поминале тренинг за Ковид-19
![2300 медицински лица поминале тренинг за Ковид-19](https://gdb.rferl.org/286CF665-8B5B-4098-A3C0-FBAF6B4A538E_cx0_cy14_cw0_w800_h450.jpg)
Министерството за здравство информира дека изминативе четири недели ја реализираше онлајн тренинг програма Covid-19 Response Training, наменета за сите здравствени работници од јавните здравствени установи во земјава. За само три недели близу 2.300 здравствени работници, медицински сестри и лекари беа дел од интерактивните тренинзи кои се одвиваа онлајн.
Тренингот, како што информира Министерството за здравство, е развиен од страна на Project HOPE заедно со Brown University од САД, и е базиран на препораките на СЗО за справување со ширењето на болеста и заштитата на здравствените работници и се спроведува во многу земји во светот погодени од кризата со ковид-19 вирусот.
Видео - КОВИД 19 - седмичен развој на настаните во светот
„Целта на едукацијата беше да се се утврдат протоколи за стабилизација на болните и првична ресуситација, дијагноза и менаџмент на ситуацијата, скрининг и тријажа, како и утврдување на капацитетите на здравствениот систем и негов развој“, се наведува во соопштението од Министерството.
Според МЗ, првично била избрана група од 40 медицински лица, 20 леакари и 20 медицински сестри кои ја поминаа четиридневната онлајн обука со обучувачи од Браун Универзитетот од САД . Истите тие потоа направиле обука на близу 2.300 здравствени работници од сите здраветвени установи во земјава.