Полицискиот час го прекршиле 28 лица, 21 приведени
![Полицискиот час го прекршиле 28 лица, 21 приведени](https://gdb.rferl.org/E9AD3125-7F12-4136-B3A4-AC275139C7D6_cx0_cy11_cw0_w800_h450.jpg)
Во изминатото деноноќие вкупно 28 лица во државата не ја почитувале забраната за движење, 21 од нив биле приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.
Посткорона градови: Урбано земјоделство и забрана за сообраќај
Во истиот период, според податоците на Министерството, на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација. Полициските службеници кои извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, не евидентира лица кои не ја почитувале мерката.