Медицинскиот отпад не треба да се меша со комуналниот
![Медицинскиот отпад не треба да се меша со комуналниот](https://gdb.rferl.org/69700D66-8A96-4240-A768-DAC8BE36E6EF_w800_h450.jpg)
За време на епидемијата на коронавирусот граѓаните купуваат повеќе производи од маркетите и аптеките, но затворени се други бизниси во угостителството и туризмот, со што се отвора прашањето за количините на создаден отпад. Активисти сметаат дека во овие услови се создава повеќе медицински отпад и апелираат граѓаните да се обидат да го селектираат.