Негативни и вторите тестови за коронавирус на Филипче и Спасовски
![Негативни и вторите тестови за коронавирус на Филипче и Спасовски](https://gdb.rferl.org/803D8CE1-CE10-4C6F-BDFD-913F99501DA2_w800_h450.jpg)
Министерството за здравство информираше дека и вториот резултат од тестирањето на министерот за здравство Венко Филипче е негативен на коронавирус. Негативен е вториот тест и на премиерот Оливер Спасовски.
Премиерот и министерот за здравство самоиницијативно заминаа во 14-дневна изолација по средбата со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој подоцна објави дека е позитивен на коронавирус.
Спасовски и Филипче немаат корона, Димитриевски ту има ту нема
Информацијата за вториот негативен тест ја потврди и министерот.
„Денеска го добив резултатот од мојот втор тест на ковид-19, кој исто како и првиот е негативен на вирусот. Со ова, практично, завршува мојата 14-дневна изолација која ја спроведов на сопствена иницијатива и покрај тоа што епидемиолозите не сметаа дека сум во ризик“, изјави Филипче и дододаде дека продолжува да управува со сите активности на министерството и ситуацијата со коронавирусот во земјата, што од самоизолација го извршуваше онлајн.
Премиерот спасовски за вториот негативен корона-тест објави на Фејсбук.
„Многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките. Секој од нас може да даде придонес за јавното здравје за наскоро да можеме заедно да го вратиме животот во новата нормала. Им благодарам на сите за поддршката“, напиша премиерот.