Од денеска казни за неносење маска во јавни објекти
![Од денеска казни за неносење маска во јавни објекти](https://gdb.rferl.org/8B2CDD70-1B2E-4BDE-AFCE-138DF512B0F6_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Министерот за здравство Венко Филипче објави на фејсбук дека од денеска, 1-ви мај, се казнува непочитувањето на Уредбата за носење на заштитна опрема. Задолжително е носењето на заштитна опрема (маска, марама или шал) на устата и носот во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз и здравствени институции.
„Непослушни“ колку и заразени со коронавирус
„Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува максимална дистанца од два метри меѓу граѓаните. Заштитна опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, но со задолжително одржување на дистанца од два метри растојание, ако патуваат во моторно возило со лица кои живеат заедно, како и кои се наоѓаат на отворено каде може да одржуваат дистанца од два метри“, објави Филипче.