Први мај во пандемија- ретки протести и инвентивни начини на одбележување
Работниците низ светот се откажаа од традиционалните демонстрации за Први мај поради мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, а спроведуваа акции на интернет, додека малку протести се одржаа и тоа со потребната физичка дистанца и маски. Агенциите јавуваат дека денеска имало приведувања во Филипини, Русија и Турција, немири во Индонезија, а солзавец бил употребен во Хонг Конг поради прекршување на правилата за јавни собири во време на пандемија. Другите собири за денот на работниците генерално беа мали и поминаа без инциденти. Читать дальше...