Родителите на работа, бабите дома, кој ги чува децата?
![Родителите на работа, бабите дома, кој ги чува децата?](https://gdb.rferl.org/28035C71-653E-4FA2-B0F1-F3F8B5011884_w800_h450.jpg)
Некои од родителите кои своите деца ги запишале во градинка, но се уште не почнале да одат бидејќи нема место, се соочија со тешки проблеми околу чувањето на децата во оваа криза. Бабите и дадилките се недостапни, а родителите мораат на работа. Доживува ли кулминација живот во услови на корона?