Спречени повеќето првомајски собири во Турција
![Спречени повеќето првомајски собири во Турција](https://gdb.rferl.org/ED947470-11F3-4BEA-A58C-0C4CF2EA288A_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Плоштадите во Турција главно останаа тивки на Меѓународниот ден на трудот поради полицискиот час воспоставен поради коронавирусот. Властите им дозволија на некои синдикати да положат цвеќе на симболични места. Само во Истанбул околу 45 000 полицајци беа на улиците за да спречат собири и покрај полицискиот час. Претходно најмалку 45 луѓе беа приведени во Истанбул и Анкара откако ги прекршиле правилата на движење донесени како мерки за спречување на коронавирусот.
Први мај - наместо на работнички собири на социјални медиуми
Полицијата, како што јавуваат агенциите, го опколила седиштето на левичарскиот работнички синдикат ДИСК и ги спречила неговите членови, кои носеле цвеќиња во рацете и извикувале слогани да маршираат низ Истанбул.