Во Дебар нема сомнителни и активни случаи на КОВИД-19
![Во Дебар нема сомнителни и активни случаи на КОВИД-19](https://gdb.rferl.org/51ED6D25-2708-4E1B-A6D6-CD745233EA94_w800_h450.jpg)
Раководителот на единицата за Јавно здравје во Дебар епидемиологот Ментор Мела, денеска за Радио Слободна Европа изјави дека покрај тоа што нема веќе болни во двете општини, нема ниту лица во изолација ниту пак сомнителни случаи на заразени со коронавирус.
,,Оваа е победа на дебарчани во борбата против Коронавирусот “изјави Мела и додаде дека состојбата со вирусот во двете општини е целосно смирена .
Според доктор Мела успешно се одвива и процесот на скрининг во општините Дебар и Центар Жупа. До сега од вкупно 2342 тестови кои пристигнаа од Министерството за здраство за двете општини извршени се над 9о насто односно 2110 тестови.
Вкупниот број на болни во Дебар беше 49, додека во Центар Жупа 2, од кои во Дебар починаа 3 лица, а во Центар Жупа едно лице. Општинските кризни штабови во Дебар и Центар Жупа изразуваат задоволство од смирувањето на состојбата со коронавирусот, но апелираат населението и понатаму целосно да ги почитува владините мерки.
Во Дебар нема новозаразени со коронавирус